Средношколци направија роботска рака за својот соученик: Сега можам и со десната рака да фаќам топка (ВИДЕО)
Средношколци од Тенеси му направиле роботска рака на својот соученик за да му помогне да го живее животот без проблеми.
Во центарот, на една од можеби најпозитивните вести што сме ги слушнале на почетокот на годината во САД, се наоѓа Серхио Пералта, кој минатата есен го почнал своето школување во средното училиште Хедерсон во близина на Нешвил. Момчето цело време се обидувало да сокрие дека неговата десна рака не е целосно формирана, пишува „NBS News“.
„Кога растев, многу луѓе ме прашуваа што е со мојата рака, многу луѓе, а дури и во градинка велев дека сум роден таков“ - се сеќава 15-годишниот Серхио.
Потоа, тој откри дека кога почнал средно, се обидувал да сокрие од пријателите дека име проблем со раката, за никој да не дознае за неговиот хендикеп.
Меѓутоа, наставникот по унженерство во училиштето на Серхио, Џеф Вилкинс, на крајот дознал за проблемот на момчето и наводно му ветил дека неговите другари од класот можат да му помогнат.
Потоа, соучениците поминале четири недели дизајнирајќи, потоа печателе во 3Д и ја одредувале големината на протетеската рака за Серхио, кој исто така помагал.
Една од првите работи за која Серхио ја искористил својата нова протеза е за да фати топка со десната рака.
И покрај тоа што пораснал без целосно формирана десна рака, Серхио вели дека можел да направи „речиси сѐ“. Но, дури кога ја добил протезата можел да држи топка и во десната рака.
Ученичка од Хендерсон, Лесли Харамилио, откри дека проектот го олицетворува инженерскиот дух на нивниот клас.
„Треба да се занимавате со инженерство, да смислувате нови идеи, да режавате проблеми“ - кажа таа.
Нивниот директор, Боб Котер, ги повторил зборовите на Лесли за „BBC“.
Тој посочи дека Вилкинс и неговите ученици се мотиваат себе си за да ги претворат апстрактните концепти во реалност.
Тоа потоа додаде дека роботската рака на Серхио е „доказ за тоа колку ученциите се грижат едни за други, но и за самиот проект кој го осмислил нивниот професор“.
За „CBS“ Серхио кажа дека никогаш не би очекувал љубезност и креактивност од своите соученици.
„Не ги познавав, па професорката ме запозна со нив. А, потоа почнав да работам на тоа и морав да бидам пријател со нив. Да се живее 15 години без рака, а тоа што тие ми понудија две што е всушност прилично кул. Никој никогаш не ми ги понудил овие работи и тоа ми го промени животот“ - рече тој.
фото: Принтскрин / Јутјуб