Средношколци во хуманитарна акција: Бараат работа за да може цело одделение да замине на матурска екскурзија!
Целата хумана мисија на овие средношколци од Белград, започнува со фејсбук статус, кој е споделен повеќе од 9.200 пати и има повеќе од 10.000 лајкови.
„Драги другари,
Моето одделение и јас организираме хуманитарна акција и би било одлично доколку би сакале да се приклучите.
Имено, на почетокот на септември би требало да одиме на матурска екскурзија и би сакале да одиме сите заедно. Сепак, некои ученици не се во можност да дојдат со нас од финансиски причини, а едниот „гратис“ кој го добиваме од агенцијата не е доволен да го решиме проблемот. Затоа одлучивме до јуни сами да заработиме пари нудејќи палета од услуги!
Внимавајте сега:
1. Доколку работите во големите бизнис згради во близина на Ушче, GTZ и Сава Центар, а потребен ви е потрчко кој би ви донел храна или кафе, да оди до пошто итн. Имаме 32 волонтери.
2. Доколку на вашите фирми им се потребни работници за физичка работа преку викенд, имаме 13 седумнаесетгодишни работници.
3. Ако во ноќните часови ви е потребен babysitting за вашите деца, на располагање ви стојат 19 совесни, вредни и весели девојчиња.
4. Доколку на вашите деца им е потребна помош во совладување на материјалот, нудиме часови по математика, српски, физика, хемија, англиски и германски јазик на територија на Нови Београд. (препорака од класниот раководител: имаме бубалици за секоја материја – средна оцена на одделението 4,23).
5. Доколку славите роденден или ви е потребен кетеринг во вид на количиња, торти, кифлички, кнедли, сендвичи и салати, покрај децата имаме и една класна и над 30 мајки и баби, па така ви гарантираме дека не постои гастрономска желба која не сме во можност да ја оствариме.
6. Доколку сте расположени за дегустација, повикајте не нас еден ден да ви донесеме домашни колачиња, кафе и чаеви во канцеларија. Ќе бидете воодушевени.
Доколку имате уште некоја работа која би можел за вас или вашата компанија да ја одработи еден гимназијалец или гимназијалка или неколку од нив, јавете се! И споделувајте понатаму!“.
Станува збор за одделение од Десетата белградска гимназија, а Драгана Можеќ, класната на ова одделение и жената која ја покренала оваа иницијатива вели: „Луѓето се јавуваат, однапред се извинуваме на оние кое се јавија, а не им одговоривме, не можеме да постигнеме од работа. До сега имаме 50 пропуштени повици, но ќе успееме да им одговориме на сите, само ни треба ден, два да се организираме. Денес децата доставуваа храна во неколку фирми, во петок имаме акција, една компанија ни купи 100 ружи за децата да ги посетат старечките домови и да им поделат цвеќе на бабите и секако да поминат време со нив, а за тоа ќе добијат донација, имаме една селидба, попис на приватна болница чија сопственичка е една повозрасна госпоѓа, многу нарачки за торти и колачи. Целта на оваа акција не е децата да добијат пари кои не ги заработиле, не би сакала да заработуваат само на добра воља. Имам впечаток дека децата не се свесни колку тешко се доаѓа до парите, а многу лесно ги трошат оние кои им ги даваат родителите. Имаме 6 родители во одделението кои се јавија за гратис, а ние од агенцијата имаме само еден и на сите им е многу важно заедно да одат на матурската екскурзија“.
Капа доле за овие средношколци и нивната класна! Дефинитивно се пример не само во Србија, туку и на целиот Балкан. Им посакуваме успешна хуманитарна акција!
извор: noizz.rs