Средношколка има толку неоправдани изостаноци што е пред исклучување: Сѐ поради ставовите за короната на нејзината мајка
Поради своите уверувања околу заштитните маски и короната, оваа ученичка може да падне година...
Заштитни маски што мора да ги носиме скоро секаде не му се омилени на никој. Воопшто не е важно дали верувате дека короната е опасна болест или не, никој не сака да носи маска, но она што е задолжително треба да биде задолжително. Опциите се или да се согласите со тоа или да доведете до проблем себе и сите околу себе. Како оваа мама.
Еден куп ученици во Хрватска повторно преминуваат на онлајн настава поради самоизолацијата, затоа што некој од одделениото/класот е заразен со корона или бил во контакт со некого. Иако таму беше направен обид да се вратат на нормалното предавање, ова функционираше многу кратко. За еден ученик, ова беше особено голем проблем. Станува збор за средношколка од средно училиште од втора година во Ѓаково. Имено, таа дојде до моментот да биде исклучена од теоретските часови, затоа што ѝ се насобрале премногу неоправдани часови. Причина? Бидејќи не носела заштитна маска, која е една од задолжителките епидемиолошките мерки, кои треба да се почитуваат за време на часовите.
Нејзината мајка е лута поради правилата со заштитните маски затоа што смета дека тие не ги штитат и нема смисла нејзината ќерка да ги носи. „Моето дете досега немаше никакви проблеми на училиште. Ниту во однос на учењето и оценките ниту во однос на совладувањето. Ова е целосно неприфатливо за мене и згрозена сум од целата ситуација. Кога ме интервјуираа на училиште, ги прашав дали некој ќе ми потпише дека ќе сноси кривична и материјална одговорност ако нешто му се случи на моето дете поради носење маска и не добив одговор. Следам истражување според кое маските се штетни. Следам што кажуваат компетентни доктори на науки, а не овие полумртви од Централата. Јас само сакам моето дете да живее нормално и да функционира нормално“ - рече мајката, а објави порталот sib.net.hr.
„На училиште упорно ми велеа дека тоа се правила на однесување и дека секој мора да ги почитува нив. Кои се овие правила и кој ги воведе? Јас се водам од здравиот разум и здравјето на моето дете ми е најважно. Нема училиште и закон што ќе ме присили да направам нешто што сметам дека е штетно за моето дете“ - додаде таа за sib.net.hr. Таа се обиде да им објасни дека маската не штити, но правилата се правила. Сега ученичката има толку многу неоправдани што може да се спаси само со полагање на класен испит, за кој, како што претпоставувате, ќе мора да оди со заштитна маска на себе. Тоа го одбиваат и таа и нејзината мајка.
фото: Syda Productions / Shutterstock