Среќата е во малите чекори – одекна порака во Гевгелија на промоцијата на „Букварот на Халки“
Штедењето се учи од мали нозе, а се што може да им помогне на децата од мали да научат како функционира светот на парите и на штедењето може само да им биде од полза кога ќе бидат возрасни одговорни личности. Такво издание е „Букварот на Халки“, најнов производ поддржан од Халкбанк АД Скопје, чија идеја е низ игра, интересни илустрации и прифатливи бои да им го доближи овој свет на децата. Први да се запознаат со „Букварот на Халки“ имаа можност дечињата во Гевгелија, кои во петокот беа дел од карванот на Халки.
-Целта на букварот и на оваа кампања на банката е да им помогне на најмладите членови на нашето општество да стекнат основни знаења за најважните финансиски поими и да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење. Внимателно избравме книга со формат приемчив за децата, преку игра и јазик ним близок поедноставно да навлезат во светот на финансиското работење, кое колку да звучи сериозно, се учи од мали нозе. Токму преку креативните работилници што во последните неколку години ги организираме низ цела земја, сфативме колку е важно преку уметноста, пишаниот збор, сликата да ни ја разберат пораката. Со овој карван сакаме да ги учиме децата и на различностите, на развојот на креативноста, вредноста на другарство и детската игра. Секое дете да ужива во играта, да развива самодоверба и најважната порака дека среќата е во малите чекори – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.
За убавата атмосфера во Гевгелија се погрижија поетесата Ана Голејшка-Џикова, но и Халки, омилениот лик на децата. Работилницата беше на тема „Среќата е во малите чекори“ на која децата пишуваа, цртаа и раскажуваа случки на темата.
-Со карванот на Халки уживавме во гевгелиското сонце, а на мое големо задоволство, успешно измодерирав настан со 60-ина ученици кои беа максимално интерактивни. Овие работилници се поттик за децата да размислуваат креативно, да им се отворат одредени перспективи кога станува збор за детското штедење, и воопшто - односот кон финансиските информации и термини. Со „Букварот на Халки“ добија шанса да дознаат повеќе, на поинаков пристапен начин. Мојата улога беше да ги воведам со приказна, преку која ќе уживаат и ќе учат – истакна Голејшка-Џикова.
Халкбанк АД Скопје досега има организира повеќе од 200 креативни работилници низ цела Македонија. По средбата со децата од Гевгелија, следува запознавање на Халки и со љубопитните дечиња од Битола и Куманово.
ПР објава