„Среќен роденден животе мој“: Синот на Миа Костова денес полни 11 години
Поранешната
водителка, а денес една од најбараните инфлуенсерки Миа Костова во 2012 година
и покрај многуте искушенија во текот на бременоста, на свет донесе едно
прекрасно момче. Денес тоа момче, малиот Андрија, полни 11 години.
Миа од секогаш за него зборувала, дека е прекрасно, паметно и мирно дете кое секоја мајка би го посакала. А овој роденден му посвети кратка но емотивна честитка.
Инаку, за другиот родител на Андрија, Миа прв пат прозборе неодамна, на прашањето кој е всушност неговиот татко.
-Тој е презгоден дечко од два метра и Андрија личи на него. Ако сакаш ќе ти дадам број, ама мислам дека веќе не прави деца, доста му се три, напиша Миа.
Фото:miakostova/facebook