Среќна вест за тинејџерите од регионот: Војаж и Бресквица се смирија?

Среќна вест за тинејџерите од регионот: Војаж и Бресквица се смирија?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Кон крајот на 2020 година одекна веста дека Анџела и Михајло се разделиле. Ги избришаа заедничките фотографии од социјалните мрежи и со тоа растажија многу следбеници...

Анџела Игњатовиќ и Михајло Веруовиќ, двојката вниманието на јавноста го привлече во 2019 година со првата заедничка песна „Врати ме“. Потоа имаа уште неколку успеси, а остварија и соработки со познатите турбо фолк и трап фолк ѕвезди во Србија.

Тажните пораки од тинејџерите започнаа на социјалните мрежи откако се прошири веста дека Бресквица и Војаж раскинале пред крајот на 2020 година. Сепак, сега пристигнуваат оптимистички вести. Српските медиуми пишуваат за наводното смирување на мегапопуларната српска тинејџ двојка.

Ги избришаа сите заеднички фотографии на социјалните мрежи, а сега на своите Инстаграм профили објавија значајни објави со емотивни пораки, па токму затоа фановите заклучија дека дошло до средување на односите.

„Ова е љубовта за која пишував, што ме мотивираше. Поради љубов и од љубов, ги живеам моментите за кои ќе продолжам да се борам. И јас ќе се борам за љубовта засекогаш. И благодарам за поддршката и љубовта што ја пружате. Се надевам дека сето ова ќе се реши еден ден. Ве сакам“ - напиша Војаж покрај фотографиите со Бресквица.

Тој исто така објави снимка на која за малку ќе заплачеше додека ја слушаше очигледно новата песна.

„Те сакам тебе, никогаш не ја посакував неа“ - се дел од стиховите за кои обожавателите заклучија дека се начин на кој Војаж и се извинува на Бресквица и сака да ја врати. Фановите не веруваа во нивниот разделба, па сега тие прославуваат и пишуваат:

„Браво, ве сакаме. Љубовта победува сѐ.“


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: