Српскиот Тоше Проески откри колку заработува од социјалните мрежи: ТикТокерот тврди дека на Интернет никој случајно не е популарен

Српскиот Тоше Проески откри колку заработува од социјалните мрежи: ТикТокерот тврди дека на Интернет никој случајно не е популарен

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

„Најдобрата работа во врска со ТикТокот е тоа што нема реклами и што не постои шанса да платите за некој да ве види“ - вели пејачот Светозар Игиќ, кој се прослави на оваа платформа...

Светозар Игиќ публиката го нарече српскиот Тоше Проески. Велат дека пее од душа, има повеќе од 200.000 следбеници на ТикТок, а неговите песни бројат милионски прегледи. За порталот „informer.rs“ откри на кој начин социјалните мрежи му помогнале да се слушне за него и колку може да се заработи од нив.

„Не верувам во среќа во смисла дека некој случајно го следат многу луѓе. Се случува некое глупаво видео да стане вирално, но не знам дека било кој, кој се труди и работи, да не успеал. За тоа уште немам слушнато“ - вели овој млад пејач.

@svetozzar #svetozar #fy original sound - Svetozar

„Кога познав со сето ова, поминав низ фазата кога правев „кавери“ на Инстаграм. Тука собрав некоја популација и почувствував мала популарност. Тогаш луѓето сакаа да се фотографираат со мене. Кога почнав повторно на ТикТок, занев веќе кој сум и што сум“ - се присетува Светозар.

„ТикТок има мног у побрз „reach“, многу брзо стигнувате до публиката. Мене ми требаше една година од објавувањето на првите видеа и првите снимања за да сфатам колку луѓето ме познаваат. Бевме на море да правиме летна турнеја и луѓето буквално ме застануваа на улица“ - вели Игиќ.

@svetozzar #svetozar #fy original sound - Svetozar

„Заработката на Инстаграм воглавно оди преку спонзорства и реклами, а на ТикТок нема реклами и мислам дека тоа е најдобрата работа во врска со таа платформа. Се надевам дека ќе остане така. Не постои шанса да платите за некој да ве види, туку само на основа на она што сте го направиле“ - истакнува ТикТокерот.

Иако од „informer.rs“ биле упорни да дознаат колку Светозар заработува месечно или за еден настап, тој истакнал дека цената се движи помеѓу 500 и 1500 евра.

фото: Принтскрин

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: