Срушен неславен рекорд во земјава: Полицијата измерила 3,87 промили алкохол во крвта на возач во Скопје
Полицијата во Скопје измерила рекордни 3,87 промили алкохол во крвта на возач вчера вечер, јавува Курир.
Ова е најголемо количество алкохол измерено кај учесник во сообраќајот кај нас.
Возачите во Македонија не смеат да управуваат со возило со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта, а 3,5 промили во крвта е веќе сериозен проблем и може да доведе до кома.
Оваа количина алкохол е еднаква по својата сила со јачината на една анестезија за време на операција, пишува Курир.
Слична сцена се случила денес и на улиците во Црна Гора. Во Беране полицијата уапсила возач кој управувал возило со 2,77 промили алкохол во крвта, а истовремено предизвикал и сообраќајна несреќа со материјална штета.