Стана вирален поради бизарниот бизнис: ТикТокер продава човечки коски
Што би правеле без ТикТок? На оваа социјална мрежа има сè: заразни предизвици, песни, драма и слег кој е потполно единствен. Но, не е забавно сè што гледаме на ТикТок. На пример... профилот посветен на продажбата на човечки коски? Да, добро прочитавте.
Џон Фери е основач и извршен директор на компанијата „JonsBones“. Тој буквално продава човечки коски.
Седиштето на „JonsBones“ е во Њујорк и на секој што сака да купу, му продава човечки коски.
На веб-страницата наведуваат дека „проучувањето на скелетните остатоци досега било исклучиво за оние во лабораториите или историските професии, но „JonsBones“ сака да ги направи овие информации достапни за секого“ и затоа продава остатоци од луѓе. Хм, бизарно!
„JonsBones“ продава секаков вид на коски: од клавикули, до бутните коски, па дури и феталните черепи. Се прашувате ли колку пари ви се потребни за човечка коска? Па, некои чинат помалку од 20 долари, но доколку сакате цел скелет, цената се искачува до 6.000 долари.
Но, не грижете се, Џон не ги убива луѓето поради нивните коски, ниту откопува гробови. Како што вели, коските му ги даваат семејствата на докторите и стоматолозите кои повеќе не сакаат да ги чуваат остатоците од луѓе во своите домови.
Како што може да замислите, овој ТикТок профил за кратко време стана популарен. Во едно видео, Џон ја покажа својата гордост и радост - ѕид покриен со човечки пршлени. Во друго, гордо ја покажа својата колекција на „ретки“ коски што вклучува череп на фетус, стар 21 недела.
Џон, кој има повеќе од 450.000 следбеници, откако се приклучи на ТикТок во февруари минатата година, одговори на прашањата на корисниците кои се прашуваат дали овој бизнис е етички и дали дури е легален: не постои закон во Америка кој забранува продажба на коски, освен во три федерални земји. Во секој случај, ова е навистина бизарно.
фото: teenstar.rs