Станаа вистински ѕвезди: Браќа близнаци - едниот е црн, другиот бел
Два браќа близнаци од Лаос во Нигерија станаа меѓународни ѕвезди благодарејќи на ретката аномалија. Имено, иако момчињата кои се родени во февруари оваа година и тоа една минута еден по друг, едниот е црн, а другиот бел.
„Далиел е прв роден, а потоа бабицата извика дека другото бебе има златна коса“ - се присетува мајката Стејси, пренесува DailyMail. Синовите се вистински ѕвезди каде и да се појават. Родителите се црни, а Давид е роден како албино. Даниел има темна кожа и темна коса со локни, исто како нивната постара сестра, 4 - годишната Демиладе.
Но затоа, како што вели гордата мајка, лесно може да ги разликуваат. Мајката често се соочува со прашањето дали и двете момчиња се нејзини синови.
„Кога сме надвор, цело време морам да одговарам на прашања. Луѓето ми велат: 'Извинете госпоѓо, кое дете е ваше?' Само велам дека и двајцата се мои, а луѓето ме гледаат како да се шегувам“ - вели оваа дизајнерка на облека од Нигерија. На почетокот, признава дека била шокирана, но на крајот сфатила дека е благословена, бидејќи е мајка на две среќни и посебни момчиња.