Стариот хит на Капиопи во ново руво: Кики од „Дајте музика“ даде свој печат на овој евергрин (ВИДЕО)
Евергринот „Лео“ сега може да го слушате во ново руво...
„Лео“ е песна која една од нашите најпознати пејачки, Калиопи Букле ја отпеа во 1986 година. И денес може да ја слушнете на радио станиците, а веруваме и дека многу генерација ја знаат.
Сега, оваа песна доби свој римејк. За него е задолжена Кики Мукаетова, девојчето кое сите го запознавме во серијалот „Дајте музика“. Ова е прво музичко парче кое Кики самостојно го изведува. На овој проект, поточно во видео записот за песната, поддршка на оваа млада тин ѕвезда ѝ се и членовите од „Еурека“, кои со својата кореографија ја збогатија целата приказна.
Заедно со новото музичко парче, Кики на уште еден начин се поврза со своите обожаватели. Имено, таа отвори своја веб-страница www.kiki.mk, на која ќе може да најдете интересни детали за нејзиниот живот и кариера. Сите што би сакале подобро да ја запознаете, најдобриот начин за да го направите тоа е да ја посетите нејзината веб-страница.
Инаку, како што пишува на својата веб страница, со музиката за првпаат се споила кога работела на радио емисијата „Еее во мое време...“ со Ивце Пивце, а во серијалот „Дајте музика“, го имаше својот прв вокален музички настап. Таму ги отпеа песните „Бели цветови“ на Каролина Гочева Корубин, „Верувај во љубов“, „Сите мои слики“, „Ѕвона ѕвонат“, „Чукни во дрво“, а на големата сцена на Јуниорската Евровизија минатата година, заедно со Миха, Анастасија и Филип ја претставуваше Македонија со песната „Green Forces“.
фото: Принтскрин / Инстаграм