Стартот не е потврден, но затоа се гарантира непречена настава: Изгласани се измените на законите за средно и основно образование
Измените на Законите за основно и средно образование беа изгласани вчера вечерта од страна на Собранието. Истите ќе обезбедат непречено организирање на наставата во државата и за време на вонредни околности, каков што е случајот со секашната ситуација.
Со законските измени, за првпат во државата се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно - образовен процес и тоа во повеќе случаи:
# во услови кога има утврдена кризна состојба,
# прогласена епидемија, односно пандемија
# некоја елементарна непогода: пожари, поплави или други големи природни непогоди.
Исто така, со овие измени се прават исклучоци во однос на започнувањето и завршувањето на учебната година за време на околностите, со тоа што, учебната година може да започне и заврши во различно време, а за сето тоа ќе одлучува Владата.
Сите измени може да ги прочитате на веб страната на Министерството за образование и наука.