Статус кој предизвика немир во регионот: Дете со Даунов синдром исфрлено од кафуле бидејќи ја расипува репутацијата?
Мате Лукиќ, градски советник од Задар, вчера на својот Фејбук протил објави информација која предизвика вистинска бура во Хрватска, но и во целиот регион. Имено, тој откри дека девојче со Даунов синдром било исфрлено од кафуле во центарот на градот, бидејќи наводно ја „расипува репутацијата“.
„Денес во центарот на градот Задар се случи неопислива ситуација. Срам и тага. Девојче со Даунов синдром ја уништувало репутацијата на угостителски објект по зборовите на келнерот. Таа и мајка ѝ се замолени да се тргнат настрана. Мало битие кое е полно со љубов и добрина. Немам зборови кои јавно смеам да ги упатам на оваа човечка мизерија. Задар не е таков, ти си нашиот срам.“ - стои во Фејсбук објавата на градскиот советник, кој го искоментира статусот на жената, која сведочела на опишаниот настан.
„Седејќи со ќерка на пријателка која има Даунов синдром, дојде еден келнер и ме замоли да се засолнам од тоа дете, бидејќи тоа го нарушувало угледот на кафулето“ - напиша жената меѓу другото.
Откако веста се појави во медиумите, преку коментари започна бурна расправа. Голем дел од корисниците беа шокирани и лути на ваквата постапка на келнерот, истакнувајќи дека не веруваат дека вакви скандали се случуваат во 21 век.
Набрзо, еден млад човек, кој поседува ресторан во Задар, контактирал со Лукиќ.
„Во знак на почит и поддршка на ова, таа и нашето мало злато, во нашето кафуле цела година ќе имаат бесплатно кафе и сок или што и да посака нивното срце“ - напиша сопственикот.
Се огласија и луѓе кои во семејството или помеѓу пријателите имаат некој кој има Даунов синдром. Порачуваат дека со нив ќе отидат во кафулето од кое што детето било исфрлено, за да видат „дали некој може да ги исфрли“.