Стави свој печат на најновата песна од Били Ајлиш: Мајли Сајрус со нов кавер
Мајли Сајрус имаше настап во живо на Би-Би-Си Радио 1, каде го отпеа последниот сингл на Били Ајлиш, „My Future“.
Уште еднаш докажа дека е склона кон кавери, а на оригиналот додаде сериозен чад и оган.
Сајрус е првиот уметник кој оваа година имаше настап на оваа станица. Таа е чест гостин во оваа емисија, а досега ги има отпеано „No Tears Left To Cry“ од Ариана Гранде со Марк Ронсон, „Summertime Sadness“ на Лана Дел Реј и веријата на Роберта Флек за „The First Time Ever I Saw Your Face“.
Освен последната песна на Били Ајлиш, Мајли го изведе и својот последен сингл „Midnight Sky“, а во продолжение погледнете ги и двата настапи: