Стефан Лазаров заплива во Јутјуберските води: Eксклузивно за Хаштаг открива многу новости
Фудбалер, модел, водител, пеач - дечкото кој за кратко време ги освои симпатиите на публиката, Стефан Лазаров, има нова љубов - јутјуберството.
Пред две недели го отвори својот Јутјуб канал и веќе брои над 9.000 следбеници. Денес, ексклузивно за Хаштаг.мк открива многу новости, коментира актуелни случувања, што го мотивира и многу повеќе.
Најпрво го прашавме Стефан како се снаоѓа во јутјуберството и од каде и кого црпи инспирација и идеи.
Лазаров: Ќе
звучи клише, но искрен да бидам навистина не очекував ваква реакција. Секако
дека знаев дека ќе се примети она што го правам бидејќи сепак луѓето ме
познаваат од телевизија, но дека за само 2 недели ќе ја стигнам бројката од
9000 претплатници...дури и сега кога гледам не ми се верува, а мислам дека е и
рекорд во Македонија.
Стефан вели дека се снаоѓа супер, и ужива, но вели и дека реално ова е многу блиску до тоа што го правеше во 1ТВ и сега во Алфа ТВ. Впрочем, според него јутјуберство е еден вид на водење забавна емисија без граници и самото тоа го прави се ова полесно... „Идеи засега црпам од својата глава. Се трудам да не копирам, но секако дека ги гледам балканските, но и светските јутјубери, па си креирам свои идеи, со малку помош од споменатите“ - раскажува тој.
На тема омилени јутјубери кои тој активно ги следи, вели дека нема омилени, а од Балканот единствен кој успева да му задржи внимание повеќе од 20 минути на неговиот канал е Бака Прасе, а од светот Дејвид Добрик, а секако и Џејмс Корден и неговото Карпул Караоке шоу, кое сега веќе Стефан го прави на својот канал секоја недела во 18:00ч.
Стефан се испроба и во музичките води, а ексклузивно за Хаштаг открива дека планира да се развива и во таа насока, но тоа не е се', Стефан веќе подготвува нешто ново.
Лазаров: Трендот денеска помеѓу јутјуберите е секако музиката. Јас и кога
почнав, кажав дека тоа ми е хоби и не очекувам дека еден ден ќе заработувам од
тоа. Едноставно се забавувам. Искрен да бидам подготвувам многу добра песна
(барем така реагираат тие што ја слушнале), која ќе ми го опише целиот период
изминатава година.
Според него, водителството, музиката, па сега и јутјуберство доаѓаат поврзани. Но ако мора да бира во што најмногу се пронаоѓа, го одбира Јутјуберството, „поради фактот што навистина можеш да бидеш целосно свој, креативен и постојано да го менуваш начинот и концептот на работа“ - објаснува Стефан.
Побаравме коментар, за неговиот став во однос на актуелните случувања на Јутјуб сцената во регионот, поврзани со познатиот српски јутјубер Бака Прасе, кој е обвинет за педофилија, но покрај овој скандал, со оглед на тоа што го следи доста млада популација, Бака Прасе се соочува и со критики за неговиот контент.
Лазаров: Бака Прасе според мене потфрли бидејќи влезе во рингот на „Шоубизнис хиени“ кои само чекаа грешка за да го распнат. Кога снимаш секој ден, буквално секој ден, нормално е да згрешиш. Не се согласувам со неговите ставови кои ги изнесе како оправдување околу настаната ситуација со малолетната девојка, поради тоа што ставовите ми делуваат како да ги кажува 12 годишно незрело дете. Според мене се тоа се рефлектира поради неговиот успех, пари, слава и внимание. Искрено се надевам дека ќе се среди ситуацијата, бидејќи го почитувам многу. Тоа што тој успеа да го направи, ретко кој може на Балканот. Секако дека јутјуберите влијаат и треба да покажат одговорност.
Кога станува збор пак, за хејт коментари и како се справува со нив, Стефан вели дека го следат од првиот ден кога се појави јавно, „искрен да бидам очекував повеќе, но кога ќе ги погледнете бројките, а и коментарите моментално на моите видеа, ќе забележите дека тоа се многу малку. Но тие што ги имам, искрено ме мотивираат“ - раскажува тој.
А еве што вели тој на прашањето дали добива поддршка од македонските јутјубери?
Лазаров: Ќе го споменам само Ритко од Битола кој ми подаде рака на самиот старт и
покрај фактот што има 60,000 субскрајбери, а јас имав 1000. Тоа зборува за него
и неговата човечност и приземност. А за останатите, ќе зборуваме во некоја
друга прилика.
За крај го прашавме што следно можеме да очекуваме од каналот LAZAROV?
Лазаров: Секако
многу забавни, луди, интересни видеа. Ќе продолжам секоја недела во 18:00 часот
со Карпул Караоке. Како што кажав подготвувам песна и планот беше да биде
објавена на 15,000 субс, но како што тргнала работава за 15-20 дена ќе ги имам,
па нема шанси како да стигнам. Така да, ќе биде во најбрз можен рок, со видео
запис и првите маици кои по објавувањето ќе бидат и во продажба.
Фала ви на интервјуто Хаштаг.мк
*Љ.И