Стефан од Кикинда во својот дом примил другар од Украина: Се запознале на размена на ученици, а сега Украинецот спасот од војната го најде во Србија
Гимназијалецот Стефан Бикиќ од Кикинда одлучил да му помогне на пријателот од Украина, со тоа што го повикал засолниште од војната да најде во неговиот семејниот дом.
Семејниот дом на матурантот од гимназијата „Душан Васиљев“, Стефан Бакиќ во Кикинда стана и привремен дом на неговиот другар Владислав Опољски, кој заедно со неговата братучедка Дијана Доценко (22), таму пронашол сигурно засолниште од војната во Украина. Младата мајка во Кикинда со себе ја земала и тригодишната ќерка Ева.
Како што Стефан раскажува за „Курир“, Владислав го запознал за време на 7-месечна размена на ученици во Тексас, САД, каде станеле добри пријатели. Тие понатаму зборуваа дека нивното познанство во САД започнало по виртуелно запознавање на социјалните мрежи. Во текот на размената во Тексас, тие престојувале во градот Лабок во едно американско семејство.
„Уште пред заминеме во Тексас, се договоривме да си бидеме поддршка еден на друг. Другарството прерасна во вистински братски однос. Тој е единец, исто како и јас. Можеби и тоа пресуди за во Америка да станеме браќа. Кога кон средината на февруари дојде време да заминеме дома, ситуацијата во Украина веќе не беше добра. Му порачав на Влад дека вратата на мојата куќа за него и неговото семејство секогаш е отворена. За жал, војната стигнала и во неговиот роден глад. Тоа е Виница. Мајката на Влад му се обрати на мојот татко со молба да го примиме. Тоа и го направивме“ - раскажа Стефан.
Понатаму продолжувајќу да зборува за познанството со Украинецот, Стефан тврди дека Влад би му ја пружил истата помош доколку тој се нашол во слична ситуација. Тој потоа опиша како изгледало доаѓањето на Влад и неговата братучедка во Србија, односно Кикинда.
„Татко ми и јас со автомобил се упативме до романско-украинската граница и местото Сирет. Ти требаа добри 10 часа возење, но ни таму не поминавме без драми. Бегајќи од војната, Дијана и нејзината ќеркичка немале пасоши, па во имиграциониот центар чекаа да добијат нови патни исправи. Тоа чекање од 15 часа им падна тешко на нив, но и на татко ми и на мене. Беше напнато, но сѐ се заврши добро. Тој момент кога го видов и прегрнав Влад е нешто што не се заборава. Емоциите се менуваа“ - кажа Стефан.
Владислав, кој е матурант, вели дека поради војната единствено страда народот. Зборувајќи за себе кажа дека не е единствено дете, а дека страст му е спортот и дека тренира карате.
„Мојата братучедка и јас сме воодушевени од гостопримството на домаќините, но и од сите жители на Кикинда. Благодарение на добрите луѓе, малта Ева доби облека и играчки. Овде сме безбедни. Во постојан контакт сум со моите родителите, а пред сѐ мајка ми. И нашиот град се најде на мета на ракетите. До пред 10 години, Украинците и Русите беа братски народ. Се вмеша политиката, а сето тоа доведе до оваа ситуација. Жал ми е што мојот народ страда“.
Зборувајќи за животот по пристигнувањето во Кикинда, тој вели дека овој град го потсетува на родната Украина.
„Иако Кикинда е далеку помала од мојот роден град, многу ме потсетува на Украина. Црквите, старите згради, архитектурата воопшто. Сепак сме воодушевени од луѓето. Сите се срдечни и сакаат да помогнат. Кога пристигнав во Америка, доживеав еден вид културен шок. Стедан и јас таму волонтиравме. Им помагавме на сиромашните луѓе и бездомниците. Им носевме храна. Моите родители се добро и сите се надеваме дека војната ќе заврши што е можно поскоро“.
Извор: kurir.rs