Стил кој ќе сакаш да го ископираш: 10 тренди фризури за ова лето
Ново годишно време - нова фризура.
Фризерските салони се конечно отворени, а тоа значи само едно - време е за промена, но каква? Секоја сезона се појавуваат нови трендови во обликувањето на косата кои на почетокот ги обожаваме, но многу брзо ни стануваат здодевни. Доколку сте заситени од сличните изгледи на девојките околу вас, кои имаат боб или екстра долга рамна коса, имаме добра вест за вас. На листата ставивме нови, свежи фризури кои ќе бидат тренд ова лето, бидејќи моментално ги носат многу познати девојки и Инстаграм трендсетерки.
# Луди 70 - ти
Доколку ви недостасуваат суптилните, но ефектни промени - едноставно направете си шишки. Моментално сите носат шишки, какви што се носеле во 70 - тите. Дакота Џонсон е позната по овие шишки кои совршено и стојат на нејзиното лице, а воедно не бараат да ја жртвувате должината на косата.
# The Rachel
Фризурата која ја популизираше Џенифер Анистон во серијата „Пријатели“ повторно се врати во голем стил, а ја носи дури и трендсетерката Хајли Бибер. Доколку веќе имате предолга коса, во фризерскиот салон побарајте само да ви ги скратат оштетените делови и да ви ја исфенираат косата навнатре.
# Долга и слоевита
Долгата коса секогаш ќе биде ин, но ова лето на својата рамна коса додајте неколку пократки слоеви кои ќе ви дадат волумен.
# Shag фризура
Оваа фризура е идеална за девојки со полудолга, брановита коса. Оваа кул фризура стана заштите знак на пејачката Тејлор Свифт.
# Подвиткана фризура
Инстаграмот е преполн со девојки кои инспирација за фризури најдоа токму во оваа фотографија на Кајли Џенер. Оваа фризура е многу едноставно да се добие - со пеглата само завртете ги врвовите на косата кон надвор и уживајте во свежиот ретро изглед.
# Асиметричен боб
Ова лето ќе се носи поинаков боб, кој од едната страна е подолг, а од другата пократок. Ваквиот изглед го носеа многу ѕвезди како Ријана и Џенифер Лопез.
# Неуредна пунџа со ретро шнола
Оваа неодолива фризура потсетува на фризурите каквите што се носеле во раните 2000 - тите.
# Долг реп со плетенка
Идеална фризура за топлите летни денови кога сакаш да ја тргнеш косата од лицето.
# Pixie
Оваа кратка фризура е за оние најхрабрите, а Киара е доказ за тоа дека машката фризура може да изгледа навистина женствено.
# Нова мерлинка
Ким Кардашијан ја врати во мода и некогаш популарната фризура на Мерлин Монро. За оваа фризура ви е потребна степенасто ишишана коса, фигаро со средна дебелина и многу тапирање на да го постигнете волуменот.