Стилистите за убавина на Цеца и Анастасија Ражнатовиќ открија сè за нив: Еве како се однесуваат зад камерата
Пејачките Цеца и Анастасија Ражнатовиќ важат за многу
професионални, а тоа го потврдија и нивните стилисти кои тврдат дека тие две никогаш не доцнат!
Во емисијата „Шоуто продолжува“, Љубомир Тозев беше домаќин на фризерот и шминкерот на семејството Ражнатовиќ, Душан Лазиќ и Стеван Радивојевиќ, кои открија какви се Цеца и Анастасија кога не се вклучени рефлекторите.
Иако многупати во медиумите се водеше полемика дека Анастасија доцни на закажаните термини, Душан Лазиќ Лаза тоа остро го демантира.
- Анастасија никогаш не доцнела на состанок со мене. Тоа беше нашиот премолчен договор, се‘ е можно, само без одложувања. Може да дојде кај мене во 1 часот по полноќ, но никогаш нема да задоцни на закажаното. Многу пати доаѓала и пред закажаното шминкање и уредно го чекала својот ред - изјави Лаза.
Лаза истакнува дека, како и Анастасија, и Цеца никогаш не си дозволила да доцни на некој состанок или настап.
- Цеца е беспрекорно точна, а морам да признаам дека никогаш не сум ја видел нервозна. Дури и кога остатокот од тимот е под стрес, таа се држи под контрола. Никогаш во животот никаде не сме задоцниле. За 13 години што ја познавам, таа никогаш не задоцнила на настап. Може да се случи некој од тимот да доцни, но таа е секогаш подготвена и точна - изјави Лаза.
Стеван Радивојевиќ, пријателот на Анастасија и фризер на семејството Ражнатовиќ, се согласил дека никогаш не ја видел Цеца нервозна.
- Не ја познавам како жена која е нервозна. Таа има подеми и падови како и сите нас, но е многу мирна - изјави Радивојевиќ
Фото насловна: RTV Pink Official