Стилистката на Ариана Гранде открива: Ова ќе биде најголемиот тренд во 2022 година кога се чевлите во прашање

Стилистката на Ариана Гранде открива: Ова ќе биде најголемиот тренд во 2022 година кога се чевлите во прашање

Објавена во: Мода // In and Out

Мими Катрел знае што е добро. Сега познатата стилистка која е одговорна за најновите комбинации на Ариана Гранде, сега го формираше најголемите овогодишни трендови кога се чевлите во прашање, благодарение на соработката со „By Far“. Овој месец, брендот и Мими се здружија за да креираат единствена колекција на чевли и чанти. Некои производи на „By Far“ ги реформирала, а дури вклучила уште две нови чанти.

Мими Катрел вели дека најмногу ја заинтригирал самиот креативен процес и додала: „Многу детали и размислувања се внесени во секој аспект од секое дело. Горда сум на она што го создадовме заедно“.

Таа напомена дека нејзини омилени производи во „By Far“ се во колекцијата на платформи. Исто така, вели дека е водена со инспирација од детството: „Инспирацијата за линијата ја добив од модните трендови со кои растев и кои сакав да ги видам. Секогаш имав свои класични ретро фаворити како главни парчиња во својот плакар и сакав да произведам парчиња кои ќе им одадат почит на тие стилови, како и да ги направам достапни за сите“. Покрај ова, објасни и дека целта ѝ е да дизајнира производ кој е шик, но и кој може да се носи.



фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: