Сторми е хит на Интернет: Кајли Џенер сподели преслатко видео
Двегодишната ќерка на Кајли Џенер, Сторми на Инстаграм покажа дека има повеќе самоконтрола од повеќе возрасни луѓе, а видеото во кое Кајли со девојчетo го изведува предизвикот „Fruit Snack“ стана вирално преку ноќ...
Предвизвикот изгледаше вака: Кајли стави сад со бомбони пред Сторми и ѝ кажа дека може да добие три бомбони, дури кога таа ќе се врати во собата. Кајли потоа излезе од собата, ја остави камерата да ја сними Сторми за да може да види дали ќе ја послуша или сепак ќе изеде бомбона без дозвола од мајка си.
Сторми успешно го положи предизвикот. Во еден момент дури се доближи до садот, но брзо се повлече назад пеејќи си сама на себе „трпение, трпение, трпение“, секако додека ја чекаше мајка си. Оној момент кога Кајли се врати, Сторми воодушевено ги доби своите три бомбони како награда.
Оваа објава доби вртоглави 50 милиони прегледи, а на истата коментираа и многу познати личности, вклучувајќи ги Хајли Бибер, Криси Тиген и Ким Кардашијан.