Сторми помогна во дувањето свеќички, а потоа Кајли Џенер откри кој е најдобриот подарок кој го добила
Вчера Кајли Џенер го прослави својот 23 - ти роденден. Оваа година поради пандемијата, познатата ријалити ѕвезда се одлучи да направи скромна забава, но затоа повторно ги изненади сите.
Имено, откако се пофали со новиот имиџ, поточно новата фризура, Кајли го откри и најдобриот подарок, кој некогаш го добила.
„Најдобриот подарок до сите“ - напиша покрај фотографијата на која заедно со нејзината ќеркичка, Сторми Вебстер ги дува роденденски свеќички. Оваа порака секако дека беше наменета за малата наследничка на Кајли, а ова е уште еден доказ за љубовта помеѓу мајката и ќерката.