Стравува за својата безбедност: Били Ајлиш понесе тужба против опседнатиот обожавател
Скоро секоја ѕвезда имала проблеми со опседнати обожаватели во некој момент од својата кариера, но Били Ајлиш е толку загрижена за својата лична сигурност што од институциите побара забрана за приближување. Били бараше забрана за 23 - годишниот Џон Метјус Хирл, а исто така побара и дополнителна забрана за заштита на нејзините родители, пренесува „E!“!
Како што се наведува во тужбата, Џон ја вознемирувал Били уште од минатото лето и постојано стоел пред нејзината куќа, паркирајќи се на паркингот во училиштето кое е спроти куќата на Били, а исто така почнал и да ѝ остава вознемирувачки писма на влезот на нивниот дом. Били откри дека во едно од писмата пишувало: „не можеш да го добиеш она што го сакаш, освен доколку немаш желба да умреш за мене.“
Били се изјасни колкав страв и создава Џон. Во тужбата наведе и дека го гледа секој пат кога ќе ја напушти куќата и дека ѝ е навистина страв за сопствената безбедност. „Секој пат кога ќе дојдам дома го гледам Џон паркиран во близина на мојот дом: Тој секогаш си зборува со себе, додека интензивно гледа во мене. Не се чувствувам сигурно во негово присуство“ - изјави таа.
Били продолжи со: „Секој пат кога ќе ме погледне, прави некоја гестикулација. Тоа може да биде некој знак со прстите, но минатиот пат гестикулираше дека си го сече грлото, додека имаше морничава насмевка на лицето. Многу се уплашив за сопствената безбедност.“
Освен Били, се огласи и нејзиниот татко Патрик за кој Били исто така побара забрана за приближување, бидејќи целото семејство има проблем со вознемирувањето од страна на нејзиниот обожавател: „Моето семејство и јас не се чувствуваме сигурно во сопствениот дом, бидејќи не знаеме на што Хирл способен или кои му се намерите со мојата ќерка. Ова е неприфатливо однесување кое како татко остро го осудувам“.
Били и претходно имаше проблеми со опседнатите обожаватели, а минатата година еден од нив доби забрана за приближување. Се надеваме дека и овој случај ќе се реши.