Строга и дома: Кралицата пред сите му удрила шлаканица на внукот
Елтон Џон ја објави автобиографијата под назив „Me“ („Јас“), а е полна со разни пикантерии, па и оние за најмоќната жена во Велика Британија - кралица Елизабета.
Станува збор за една ситуација која се случила на прославата на која познатиот пејач присуствувал, како и членовите на кралското семејство.
Кралицата во еден момент била преморана да упати неколку „воспитни шамари“ на својот вкун, синот на принцезата Маргарет (нејзината единствена сестра).
„Знам дека јавниот имиџ на кралицата не ја покажуваа нејзината дива страна, но приватно умее да биде урнебесна. Видов како му приоѓа виконтот Линиј и му кажува да оди да ја провери својата сестра, на која не и било добро и се повлекла во соба. Кога во неколку наврати пробал да го одбегне ова, кралицата благо го удрила по лицето додека му велела: „Немој (шлаканица) да се (шлаканица) караш (шлаканица) со мене (шлаканица). Јас (шлаканица) сум (шлаканица) КРАЛИЦА!“.
Нејзиниот метод беше позитивен, а виконтот ја исполнил желбата на кралицата.
„Кога отиде, ме виде дека гледам во неа, ми намигна и замина“ - напиша Елтон.