Строги правила кои децата на Анџелина Џоли мора да ги почитуваат: Второто е особено сурово и затоа никогаш не можеме да ги видиме насмеани
Децата на Анџелина Џоли наводно мораат да ги почитуваат строгите правила и ако во сето тоа има барем малку вистина, јасно е зошто никогаш не можеме да ги видиме насмеани во јавност.
Од моментот кога Анџелина Џоли одлучи да се разведе од Бред Пит, еден од главните начини за да го повреди поранешниот сопруг ѝ беа децата. Актерот кој се обидува да издејствува заедничко старателство многу пати се најде во лоша ситуација кога Џоли го обвини за насилство, а деталите кои никако не смееше да излезат надвор од судницата, некако го најдоа својот пат до медиумите и јавноста.
Така Анџелина го обивни Бред дека се напил и дека бил насилен, како кон неа, така и кон децата, а дека не е се како што се тврди покажа и тоа што Анџелина многу често беше фотографирана како купува разлини алкохоли, што не беше случај со Пит, како и тоа што проговорија бројни поранешни вработени и ги демантираа тврдењата на актерката, иако не ја држеа ниту страната на Бред.
Во сето тоа, како што обично се случува, децата најмногу патат, а ретки се можностите кога во јавноста можеме да ги видиме насмеани. Последните денови, на Интернетот кружат нови тврдења од поранешните вработени кои би можеле да откријат зошто е тоа така.
Имено, Анџелина ги тера децата да почитуваат бизарни правила. Првото правило е дека не смеат да ги „гуглаат“ своите родители. Актерката ангажирала тим од експерти за сајбер безбедност кои се задолжени да следат што пребаруваат нејзините деца на Интернет.
Второто правило е дека не смеат да одат кај пријателите, ниту да преспиваат, ниту да се дружат, поради што децата биле поприлично осамени во текот на растењето, и често биле ориентирани едни кон други. Родендените, забавите... сето тоа морале да го прескокнат, а причината за тоа е да бидат заштитени од медиумите и насловите, што во некоја рака е оправдана причина, иако рака на срце, порано или подоцна, се дознава сѐ.
Третото правило е дека мораат да знаат повеќе јазици, што се покажа како добра одлука. Од друга страна, Анџелина им дозволува многу работи, што на голем број деца им се забранети.
Така, тие од мали нозе смеат да гледаат филмови за возрасни, дури и оние во кои има експлицитни сцени, како и остварувањата во кои глумеле таа и Бред.
Исто така, не мораат да си ги чистат собите или да помагаат во домашните обврски. „Правилата“ во куќата главно се сугестија дека нешто би требало да се направи, а децата одлучуваат дали го сакаат тоа или не.
Иако игзледа дека живеат послободно од своите врсници, сето тоа паѓа во вода кога ќе се вратиме на првите две правила.
Дека во приказните има вистина, сведочат и приказните на поранешната дадилка, која со нив поминувала 24 часа. Иако во јавноста се обидува да се претстави како „голема и пожртвувана мајка“, дадилката вели дека зад затворените врати ситуацијата е поинаква.
фото: Pinterest