Студент објави оглас по кој луѓе постојано го контактираат: „Сакаш да влезеш во пошта, а не си вакциниран? Повикај ме“

Студент објави оглас по кој луѓе постојано го контактираат: „Сакаш да влезеш во пошта, а не си вакциниран? Повикај ме“

Објавена во: Совети // School zone

Не бадијала се вели дека идејата е пола завршена работа...

На Фејсбук групата од Хрватска „Барам/нудам студентска работа“ се појави оглас за кој брзо почнаа да зборуваат сите на социјалните мрежи. Имено, еден студент објави оглас во кој наведува дека е вакциниран и дека за оние кои не се вакцинирани може да ги завршува работите во пошто за парична надокнада.

Огласот за брзо беше избришан од групата Зошто? Не знае ниту авторот на огласот Леополд Мамиќ, која за „Индекс“ потврди дека тој го поставил огласот во студентската група.

„Треба да влезеш во Пошта/Фина, но не можеш? Нема проблем. Вакциниран сум и нудам евтин влез во наведените установи. Ќе се најдеме пред установите, јас ќе влезам и ќе завршам што ви е потребно, на излез ќе ми ја платите услугата“ - гласеше текстот на огласот.

„Огласот за жал е избршан од групата. Причината не ја знам“ - вели Леополд за „Индекс“.

Како што вели, имало сериозни деловни понуди, а пораките не престанувале да пристигнуваат.

„Ми гореше инбоксот, но и сандачето со нотификации од коментари. Не знаев дека објавата ќе експлодира и со самото тоа не мислев да се занимавам со тоа, а другата причина е самиот закон и времето. Во кратки црти - сè започна од шега, додека не почнаа сериозните понуди. Ако не почнам да се занимавам со тоа, барем им дадов можност на вакцинираните за некој вид заработка“ - заклучи момчето за „Индекс“.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: