Студентите од Медицинскиот факултет во првите борбени редови: Министерот Венко им благодари за помошта

Студентите од Медицинскиот факултет во првите борбени редови: Министерот Венко им благодари за помошта

Објавена во: Совети // School zone

Денес на својот Фејсбук профили, министерот за здравство Венко Филипче ја извести јавноста дека во работата на ковид центрите, своја помош ќе дадат и студентите од шеста година на Медицинскиот факултет и волонтерите од Воено Медицинскиот центар.

„Студентите од шеста година на Медицински факултет и волонтерите од Воено Медицинскиот центар се вклучуваат во работата на ковид центрите. Помошта која ни ја даваат е многу важна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид 19. За нив ова е искуство какво што можеби нема да имаат прилика да го видат во нивната кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата.“ - стоеше во објавата на министерот Венко Филипче.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: