Судир на поранешните сопружници: Дарко тврди дека не ја видел својата ќерка една година, а Ана го демантираше со докази

Судир на поранешните сопружници: Дарко тврди дека не ја видел својата ќерка една година, а Ана го демантираше со докази

Објавена во: Живот // Живот

Дарко Лазиќ - исповед која крена голема бура, толку што дури реагираше и неговата поранешна сопруга, Ана Севиќ...

Дарко Лазиќ ја шокираше јавноста кога во живо во емисијата „Премијера викенд специјал“ ги изнесе деталите кои малку кој ги знае. Во својата емотивна исповед зборуваше за закрепнувањето по несреќата, за наводните долгови, како и за поранешната сопруга Ана Севиќ.

Популарниот фолкер призна дека наводно не ја видел својата ќерка Лорена една година.

„Лорена ја видов пред една година, тоа мора да ја прашате госпоѓица Ана Севиќ. Ми недостасува најмногу на светот, се би дал да ја видам барем на еден час, на една минута. Тоа што Ана и јас не разрешивме некои работи, ѝ кажав на неа дека ќе ги решиме, но таа нема мене да ми наштети, туку на детето.“

„Секое дете има право да биде со таткото, доколку преку детето ме саботириш... Тие се важни, ние сме тука да ги заштитиме, како и секој родител кој нормално размислува. Повеќе ми е полн... таа работа. Гледам на што се подготвени луѓето за да се исперат. Јас доколку не сум задоволен, нема да имам ниту жена, ниту девојка, ниту дете“ - раскажа Дарко во емисијата.

Пејачот ја искористи оваа можноста да го прокоментира и односот со поранешната сопруга...

Моите три најголеми љубови во животот се моето семејство, мојата ќерка и мојот син... Жените ми земаа се, но му благодарам на Бога! Јас си направив сам со изборот, никој не ме чинеше“ - рече фолкерот и додаде:

„Со Ана е комплицирана и долга приказната, ѝ посакувам се најдобро, јас дури и честитав кога дознав дека е бремена. Ана е жена која знае што сака и јас го ценам тоа.“

„На лудиот камен ќе застанам повторно. Оваа година не ме спречи“ - призна Лазиќ.

Ана Севиќ не остана имуна на она што го кажа Лазиќ, па набрзо ги објави нивните преписки кои докажуваат дека зборовите на Дарко се далеку од вистината?!

Популарната водителка и пејачка објави разговор од 10 јули оваа година, кога Лорена својот шести роденден го прославила со татко ѝ во Брестач.

Кога ја слушнала изјавата на Дарко, на Ана ѝ се слошило, вели извор близок на пејачката за „Блиц“.

„На Ана ѝ се слоши кога го слушна тоа, многу беше нервозна. Тогаш реши да сподели фотографии од Дарко и Лорена на „Инстаграм“ и тоа малку ја смири. Навистина во еден момент збена“ - рече изворот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: