Супер моделот Наоми Кембел: „Мора да грешите! Така функционира светот“
Црниот бисер во модната индустрија, Наоми Кембел, во моментов се наоѓа во љубовна драма, поради тужбата од нејзиниот неколкугодишен партнер и милијадер кој бара да му врати три милиони долари.
Нејзината приказна е посебна и инспирирачка за многу млади девојки.
Таа е првиот црн модел во светот што ја предводеше насловната страница на престижниот моден магазин Vogue.
Родена е во Англија на 22 мај 1970 година и ја одгледала само нејзината мајка, танчарка од Јамајка.
Нејзиното прво појавување во јавноста беше во спотот за песната на Боб Марли „Is This Love“.
Кога ја започна својата модна кариера, таа имаше едвај 15 години, а со текот на годините беше и пејачка, актерка и авторка.
Студирала на лондонската академија за изведувачки уметности.
Во 1991 година, списанието „People“ ја прогласи за една од 50-те најубави жени во светот.
Споделуваме со вас неколку од најдобрите и најинспиративни цитати од Наоми, како и некои од нејзините модни изданија:
„Никогаш не се плашев да побарам помош “
"Мора да грешите! Ова е начин да се стекнете со искуство и мудрост. Така функционира светот!"
„Сакам да контролирам сè, но реално е невозможно. Понекогаш мора да кажете: 'Нека биде како што мора да биде!'“
Оваа година, Наоми Кембел повторно се врати на модната писта по 14-годишен прекин.