Супер трик од ТикТок: Како да нанесете коректор кој дава face - lift ефект?

Супер трик од ТикТок: Како да нанесете коректор кој дава face - lift ефект?

Објавена во: Мода // Moj стил

Одличен трик кој ги воодушеви припадничките на понежниот пол...

Коректорот е еден од оние производи за убавина што е неопходен дел од вашата дневна рутина. Совршено ги покрива темните кругови под очите, како и неправилностите на лицето, и веднаш обезбедува посвеж изглед. Се согласуваме, пронаоѓањето на совршен коректор не е најлесната задача затоа што, покрај претпоставувањето на совршената нијанса, важно е да бидете внимателни и да не создавате грутки, да нема „cakey“ ефект и коректорот да не го исуши лицето.

Ако мислевте дека работата е завршена со купување на идеален коректор, ТикТокерка, која е на оваа мрежа може да ја најдете под прекарот @maghaess, целосно ќе ве предомисли. Имено, овие денови таа покажа трик за убавина за кој сите девојки се прашуваат зошто порано не го дознале. Мега Синг покажа како се нанесува коректор, истовремено давајќи му посвеж изглед на лицето и, како што вели на видеото, face-lift ефект.

Во продолжение може да видите како да нанесете коректор за да добиете face - lift ефект по советот на Тиктокерка:

@meghaess

pause in the end for a before & after ##facelift ##faceliftmakeup

original sound - Allison

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: