Сури Круз наполни 16 години, а татко ѝ го нема видено 10: Ќе може ли да ја препознае?

Сури Круз наполни 16 години, а татко ѝ го нема видено 10: Ќе може ли да ја препознае?

Објавена во: Совети // Семејство

Сури Круз која во понеделникот го прослави 16-от роднеден, со својот познат татко веќе 10 години нема никаков контакт...

Дали ви се верува дека Сури Круз веќе има 16 години? И дека нејзиниот татко знае како таа изгледа само благодарение на фотографиите од папараците? Девојчето, сега веќе тинејџерка, во понеделникот го прослави роденденот и веруваме дека мајка ѝ, Кејти Холмс ѝ приредила незаборавна забава. Впрочем, актерката по разводот од Том Круз како да заборави на кариерата, бидејќи поголемиот дел од своето време го посвети на ќерка ѝ. Но, кога е родителството во прашање, Кејти апсолутно ги заслужува сите „Оскари“ на овој свет.

Се зборува дека ѕвездата на „Top Gun“, „Mission: Impossible“ и останатите акциони филмови, своето единствено биолошко дете го нема видено од 2013 година. Наводно, забранет му е секој контакт со неа, бидејќи таа не е член на Скиентолошката црква, што неофицијално било причина и за крајот на бракот со Холмс. Од друга страна, се зборува дека со децата кои ги посвоил во бракот со Никол Кидман е многу близок, бидејќи и тие се следбеници на споменатата секта. Австралиската „оскаровка“, пак нема никаков контакт со Изабела и Конор, бидејќи ѝ го свртеле грбот поради скиентологијата.

Во секој случај, за Сури има кој да се грижи. Кејти не ја испушта од вид, а сега сѐ почесто може да се видат на улиците низ Њујорк. Велат дека е слика и прилика на мајка ѝ, иако има и по некоја црта на татко ѝ. Ученик е во угледно средно училиште, се вози со метро и моментално не покажува желба да продолжи по актерските чекори на своите родители.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: