Сурово е тоа што Норт ми го прави: Ким признава дека не се снашла како родител, а најстарата ќерка ѝ прави проблеми
Ким Кардашијан е мајка на четири деца, а за првпат откри дека и не е баш задоволна од тоа како се покажала како родител...
И додека многумина мислат дека членовите на семејството Кардашијан функционираат беспрекорно благодарение на популарноста и успесите кои ги добиле, Ким Кардашијан нè уверува во спротивното. Откако во емисија во живо на некој начин „удри“ по членовите од своето семејство, сега открива каков е нејзиниот однос со децата.
Како мајка на четири деца, откри што се случува зад затворените врати на нејзината вила. Ким призна дека не е совршена, но дека се труди да направи сè за Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм.
„Не се покажав баш најдобро кога се подароците или дури и подмитувањето во прашање. Со тоа не се служам. Брзо поклекнувам, во состојба сум да им сè“ - почна Ким во епизодата „Mom Confessions“, каде одговараше на прашања за родителството.
Ким нагласи дека своите наследници никогаш не ги лаже за ништо.
„Се трудам никогаш да не ги лажам. Во почетокот го правев тоа, за полесно да можам да излезам од дома или нешто така, но брзо ја сменив таа плоча. Искрена сум потполност“ - истакнува таа.
Сепак, Ким вели дека нејзината најстара ќерка Норт „не одбира средства“ кога тие две не се сложуваат. Како што вели, Норт „пука право во чело“, поради што често умее и да ја повреди Ким.
„Кога се случува да не се сложуваме, Норт мисли дека ќе ме повреди со зборовите: „Куќата ти е грда. Кој уште живее вака?! Сè е бело“. Таа смета дека мене тоа ме боли, па намерно го прави. Од една страна мислам дека тоа е прилично сурово од неа, а од друга највистина не ми пречи, бидејќи ја сакам мојата ќерка“ - изјави Кардашијан.