Сузана Турунџиева сподели видео од ученичка која танцува во инвалидска колична: Најмногу сакам кога танцува срцето

Сузана Турунџиева сподели видео од ученичка која танцува во инвалидска колична: Најмногу сакам кога танцува срцето

Објавена во: Совети // School zone

Познатата писателка и водителка Сузана Турунџиева важи за човек со големо срце. Со своите гестови тоа го докажува секојдневно, а на нејзиниот профил често можеме да налетаме на објави кои буквално ќе не доведат до солзи.

Една таква е и онаа во која сподели видео од една нејзина ученичка која и покрај тоа што е во инвалидска количка, сепак изразила огромна желба за да танцува. Секако, нејзината попреченост не ја спречила Сузана да ѝ ја исполни желбата, а целата ситуација ја опиша во описот на видеото.

„Постојат многу видови на танци, ама најмногу ги сакам оние кога танцува срцето...

Кога мојата ученичка Дени на часовите по Танци и ора седна во прва клупа и ме праша: Наставничке, дали денеска може јас  да танцувам, по незнам кој пат сфатив дека не постои пречка која може да ја спречи и дека таа е најголемата хероина во мојот живот, полна со радост, љубов, хуманост, добрина, човечност и мноогу музика.

Дени Зерновска, златно наше девојче, ти благодариме што си наша гордост,  наша Гоцевка!“ - напиша познатата водителка и писателка покрај видеото.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: