Светот моментално зборува само за него: Како момчето со нетипична убавина го освои Холивуд преку ноќ?

Светот моментално зборува само за него: Како момчето со нетипична убавина го освои Холивуд преку ноќ?

Објавена во: Stars // Филм

Тимоти Шаламе овие денови е еден од најактивните, но и најпосакуваните холивудски актери...

Овие денови никој не престанува да зборува со младиот актер Тимоти Шаламе, кој од улога во улога го докажува својот актерски талент, а со својата харизма, шарм и едноставност освојува бројни обожавателки ширум светот.

Тимоти на Инстаграм моментално го следат повеќе од 14 милиони луѓе, а токму таму официјално ја најави својата најнова улога и тоа на Вили Вонка во филмот за фабриката за чоколади, кој почна да се снима.

Младиот актер со тоа ги наследи големите актерски имиња, како Џони Деп и Џин Вајдлер, кои исто така го глумеа Вонка, а сценариото во новиот филм ќе биде насочено на неговата млада верзија и авантурите пред создавањето на фабриката за чоколади.

Се очекува дека актерот ќе ги покаже и своите пејачки и танцувачки способности, а поради сето тоа тој не ја крие својата возбуда.„

„Тензијата е голема, се надевам дека ќе потрае“ - напиша тој во описот на објавата на Инстаграм, а истата возбуда ја делат и неговите обожаватели.

Тимоти во последно време е еден од најактивните актери во Холивуд, а на 22 октомври во кината пристигнуваат дури два филма во кои се појавува - „The French Dispatch“ и „Dune“, кои сите со нетрпение ги очекуваат, а во кои глумат и Џејсон Момоа, Зендаја, Ребека Фергусон, Оскар Ајзак, Хавијер Барден и мнгоу други.

Тимоти светската популарноста ја доби со улогата на момчето кое експериментираше со својата сексуалност во филмот „Call Me By Your Name“, па изминатите години се соочи со бројните шпекулации за својот љубовен живот.


Токму поради улогата во наведениот филм и сопственото признание дека смета дека љубовта и сексуалноста се флуидни, започнаа гласините дека всушност се обидува да ѝ се отвори на јавноста и да се претстави како хомосексуалец.

Подоцна Тимоти тврдеше дека таа изјава е извлечена од контекст и дека сакал да каже дека е добро што денес младите луѓе имаат повеќе избор и слобода.

Тоа дополнително го потврди и со љубовната врска со Лили Роуз, инаку најстарата ќерка на актерот Џони Деп и пејачката Ванеса Парадиз, а по неа се гледаше со Еиза Гонзалез, со кој беше уловен за време на одморот во Мексико.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: