Светот се збогува со популарниот актер Ангус Клауд: „Се надеваме дека светот ќе го памети по неговиот хумор, смеа и љубов кон сите“

Светот се збогува со популарниот актер Ангус Клауд:  „Се надеваме дека светот ќе го памети по неговиот хумор, смеа и љубов кон сите“

Објавена во: Stars // Филм

Не е наведена причината за смртта на актерот Ангус Клауд, кој го играше нарко дилерот Феско „Фез“ О'Нил во наградуваната серија. Во соопштението се вели дека актерот тешко се соочил со неодамнешната смрт на неговиот татко и имал постојани ментални проблеми.

-Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега се врати со својот татко, кој му беше најдобар пријател, велат од неговото семејство. Ангус беше отворен за неговите борби со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека тие не се сами и не треба да се борат сами во тишина, се вели во соопштението.

„Еуфорија“, предводена од Зендаја, е една од најгледаните серии на HBO на сите времиња и освои Еми награди. Серијата предизвика контроверзии, но и пофалби за мрачното прикажување на проблемите со кои се соочуваат современите американски тинејџери, вклучително и зависноста од дрога и сексуалното насилство.

Тоа беше првата актерска улога на Ангус. Него го открил кастинг директор додека шетал со пријателите по улиците на Бруклин, Њујорк.

“Се надеваме дека светот ќе го памети по неговиот хумор, смеа и љубов кон сите“, се вели во соопштението на семејството.

 

Фото:screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: