Светот сонуваше да доживее бакнеж како нивниот: Овие познати актери беа лудо вљубени еден во друг, но на никој не му го признаа тоа
Дури откако ставија крај на врската која траеше повеќе од една година, се откри колку биле заљубени...
Американските актери Кирстен Данст и Тоби Мегваер се запознале во 2001 година, на сетот на филмот Спајдермен (2002) во режија на Сем Раими, во кој Тоби го глумеше суперхеројот Спајдермен, а Кирстен ја глумеше неговата љубов Мери Џејн.
На снимањето се родиле емоции помеѓу нив, а набрзо актерите станале двојка, но својата љубов ја криеле од сите, вклучувајќи го и режисерот. Никој не знаеше дека двајцата најпопуларни актери во тоа време се во врска, а повеќе луѓе за тоа дознаа по нивната разделба.
Сепак, тие не можеле да ја сокријат својата заљубеност во некои моменти, па во некои интервјуа за време на промоцијата на филмот си доделуваа комплименти еден на друг и со насмевка се присетуваа на заедничките моменти од снимањето.
„Таа е многу, многу талентирана. Многу е привлечна и убава. Таа има женски квалитети, но и забавна невиност, како девојче. Нема ни ронка суета во нејзината глума. Таа само се посветува и оди напред“ - кажа Тоби за својата (тогаш тајна) девојка во интервју за „Vanity Fair“ во 2002 година.
Кирстен и пред да глуми во овој филм зад себе имала запазена кариера, бидејќи со глума се занимавала од мали нозе и веќе имала неколку улоги во големи филмски остварувања. Како што призна и самата, во сетот на суперхеројот влегла поради Мегваер.
„Сакав да работам на „Спајдермен“ што дознав за таа опција, дури и пред да биде пронајден Питер Паркер. Но, што слушнав дека тоа ќе биде Тоби, уште повеќе сакав да бидам дел од тоа“ - кажа актерката.
„Тој е многу талентиран и неодолив, но уште поважно е тоа што во работата е беспрекорен. Долго, долго сакав да работам со него“ - истакна Кирстен.
Бакнежот на оваа двојка е еден од најпознатите бакнежи во историјата на филмовите. Скоро па и нема личност која макар еднаш не ги видела Кирстен и Тоби во костимот на Спајдермен како се бакнуваат додека тој виси со главата надоле. Многумина замислуваа како би било да го бакнуваат Спајдермен на дожд, а тој вели - не е романтично како што изгледа.
„Дождот ми влегуваше во нос. Не можев да дишам слободно и зимав воздух од аголот на устата на Кирстен. Сирота девојка. Попрво и давав „уста-на-уста“ отколку што ја бакнував“ - кажа актерот и додаде: „Но, и покрај тоа, успеав да извлечам и малку задоволство...“
И самата Кирстен во една прилика кажа дека овој бакнеж не го гледа како романтичен, иако признава дека од страна дефинитивно изгледа така.
Во секој случај, нивната тајна љубовна врска траеше нешто повеќе од една година, а извори блиски на двојката истакнаа дека емоции едноставно се изгасиле.
„Не се случи ништо конкретно. Најверојатно ќе останат пријатели“ - кажа анонимниот извор.
фото: Profimedia