Светската ѕвезда полуде по Дамијано: Пејачката сака да се запознае со Италијанецот, а тој ѝ порача само едно едно нешто

Светската ѕвезда полуде по Дамијано: Пејачката сака да се запознае со Италијанецот, а тој ѝ порача само едно едно нешто

Објавена во: Stars // Музика

Беше прашање на време кога Американците ќе паднат на „Манескин“, а особено на згодниот фронтмен, кој со недели ги полни насловните страници на медиумите...

Доколку мислевте дека Дамијано Давид ќе биде само уште едно „чудо од три дена“, се излажавте.

Како што стојат работите, згодниот Италијанец навистина се здоби со светска популарност, бидејќи за него сега пишуваат и американските медиуми.

Да потсетиме, Дамијано Давид со својот бенд „Манескин“ ја однесе победата на овогодинешната Евровизија и со тоа ова натпреварување го врати во Италија по 31 година. Од моментот кога се појави на сцена на Еврозија, шармантниот Италијанец ги освои симпатиите на голем број луѓе ширум светот.

Од друга страна, слободно може да се каже дека Дамијано ја подели Европа во два табори - од една страна се оние кои го сметаат за идеален маж, а од друга страна оние на кои изгледот на популарниот пејач воопшто не им се допаѓа.

Меѓутоа, да бидеме искрени, ретко се случувало некои од европските бендови кои учествувале на Евровизија да излезат надвор од границите на Европа. Сега е повеќе од очигледно дека „Манескин“ поинаку го „крои“ својот пат.

Имено, нивната музика особено ѝ се допадна на светски познатата пејачка Мајли Сајрус, особено откако ја објавија нејзината преработка на „Midnight Sky“.

Пејчаката јавно ги пофали, а странските медиуми пренесоа дека Мајли веќе му напишала на Дамијано и дека е воодушевена од неговиот изглед и пеење.

Басистката на „Манескин“, Викторија прва ја искоментира новонастаната ситуација: „Некои од уметниците кои најмногу најмногу ги почитуваме не пофалија и ни кажаа дека не сакаат. Имавме пораки од бендот Франц Фердинанд и од Мајли. Да, и Мајли Сајрус! Ќе мора да ја убедиме да работи со нас. Можеме да ѝ испратиме стотина текстови на Инстаграм“.

Мајли нивната изведба ја пофлаи и на својот Инстаграм профил, а во описот напиша: „Ова се моите нови најдобри пријатели“.


Од друга страна, форнтменот Дамијано Давид кажа дека досега имаат прилика да соработуваат со најдобрите на планетата, а потоа се пошегува на сметка на нивната популарност и нивните намери да останат скромни.

„Целиот свет околу нас се промени и очигледно сега имаме можност да работиме со најдобрите професионалци на свеотт. Но, зад сцената не сме толку сериозни кога мораме да поставиме барања. Барам шише вода - со цевка!“ - кажа пејачот и на прашањето за Мајли додаде: „Мајли е љубов, се надевам дека ќе соработуваме“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: