Светски, а наш, знае како да прави милиони: Најслушаните песни на талентираниот артист Пајак

Светски, а наш, знае како да прави милиони: Најслушаните песни на талентираниот артист Пајак

Објавена во: Stars // Музика

Христијан Настески (Пајак), е талентирано 22-годишно момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, инаку студент на студии по информатика.

Со музика започнал да се занимава уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.


Пајак за многу кратко време се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, и секојдневно достигнува милиони прегледи на „Јутуб“ со своите препознатливи хитови.

Дека неговата популарност е огромна говори и фактот што еден од најпопуларните јутубери на балканот Бака Прасе од Србија уште на почетокот на неговата кариера го промовираше како идната македонска трап ѕвезда во подем.


Пајак е карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, поради што често го споредуваат со успешниот српски артист Клинац. Заедно со „Урбан Рекордс“ работи на многу проекти, а последни се дуетите со младите ѕвезди „Бела“ со Лара, и најновата „Хабиби“ со Антониа Гиговска, која моментално е на трендинг.


Ова се најслушаните 5 песни на „Youtube“ на Пајак: 

# Bella - 9.7 милиони


# Hellboy - 9.5 милиони


# Dark Side - 4.2 милиони


# Ноќва - 2.9 милиони


# Срце - 2 милиони


*Р.Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: