Светски ден на сексуално здравје: Пет заблуди за сексуално преносливите болести

Светски ден на сексуално здравје: Пет заблуди за сексуално преносливите болести

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Колку всушност сме запознаени со своето сексуално здравје и колку отворено зборуваме за него? Како да се заштитиме и кои последици ги носи негрижата за сексуалното здравје на нашето општо здравје? И на крај, каде и на кој начин можеме повеќе да се информираме?

Уште во 2010 година World Association for Sexual Health (WAS), глобалната организација која е посветена на промовирањето на најдобрите практики во областа на сексуалното здравје, повика секој 9 септември да се одбележува Светскиот ден на сексуалното здравје, со цел да се подигне свеста на јавноста за оваа тема. Првиот Светски ден на сексуалното здравје беше најавен со впечатлива тема „Ајде да зборува за тоа“ (Let's talk about it!), која го означи почетокот на повеќегодишната кампања за разбивање на стравот и табуата поврзани со темите за сексуалното здравје.

По повод овој ден, ние решивме да ви ги презентираме најчестите заблуди поврзани со сексуално преносливите болести:

# Доколку сум имал/а сексуално пренослива болест, повеќе не можам да ја добијам

Факт: Некои сексуално преносливи болести оставаат траен имунитет и во тој случај оваа изјава е вистинита, но поголемиот број од нив не го создаваат. Затоа во поголем број случаи е можно повторно да се заразите.

# Користам два кондоми одеднаш за дополнителна заштита

Факт: Двата кондоми не даваат двојна заштита.  Кога користите два кондоми истовремено, постои поголема можност да пукнат поради триење, што може да доведе до несакана бременост и пренесување на сексуално преносливи болести.

# Сексуално преносливите болести може да се избегнат доколку практикувам орален или анален секс

Факт: Без оглед на видот на половиот однос, без разлика дали е орален, анален или вагинален, може да се зарази со некоја сексуално преносливи болести.

# Апчињата за контрацепција ме штитат од сексуално преносливите болести

Факт: Апчињата за контрацепција штитат од забременување, но не од сексуално преносливи болести. Нивната намена ја спречува непосакуваната бременост и ги регулира хормоните.

# По изгледот можам да препознаам личност која има сексуално пренослива болест

Факт: Сексуално преносливите болести не предизвикуваат никакви симптоми и заразените личности не изгледаат, ниту се чувствуваат болно, затоа, одговорното сексуално однесување е исклучително важно.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: