Таа е амбасадор на Светската здравствена организација: Лејди Гага покажа како изгледа нејзината мајка
Синтија Германота е голема поддршка на пејачката...
Лејди Гага важи за една од најпопуларните светски пејачки, а нејзина најголема поддршка е нејзината мајка Синтија. Пејачката на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со својата мајка, а за тоа има причина.
Имено, мајката на Лејди Гага ја рекламира својата нова книга, па музичката ѕвезда посака да и помогне во тоа.
Инаку, Синтија Германота е родена во 1954 година, а во 2012 година, заедно со Лејди Гага, ја оформија непрофитната организација под назив „Born This Way Foundation“, која е фокусирана да ги инспирира младите луѓе, да се спречи врсничкото насилство, како и на другите сфери од општеството.
Синтија е амбасадор на Светската здравствена организација за ментално здравје. Мажена е за Џозеф Германт. Тие водат италијански ресторан во Њујорк.
Погледнете како изгледа Синтија Германота, мајката на Лејди Гага: