„Таа е борец и заслужува да живее“: Таткото на ова бебе се бори да ги спречи лекарите да ја исклучат од апарати

„Таа е борец и заслужува да живее“: Таткото на ова бебе се бори да ги спречи лекарите да ја исклучат од апарати

Објавена во: Совети // Семејство

„Инди не заслужува да умре, таа заслужува да живее“, вели таткото на 8-месечната Инди Грегори.

Срцето на бебето Инди Грегори сè уште чука. Откако британскиот судија во четвртокот го одложи рокот за исклучување на Инди од апарати за одржување во живот од 15 до 17 часот, истото во последен момент повторно се одложи.

Дин Грегори, татко на осуммесечната Инди, изјавил дека бебето нема да биде отстрането од апарати барем до денеска во 13 часот, за кога е закажано ново рочиште за овој случај.

Британскиот суд во средата одлучи дека лекувањето на бебето треба да биде завршено во болница или хоспис, и покрај желбата на нејзините родители да го вратат бебето дома.

Сепак, таткото на Инда нема намера да се откаже.

„Не смеат да ја допрат до крајот на рочиштето. Инди не заслужува да умре, таа заслужува да живее. Нашиот сон е да ја донесеме во Италија. Сакам да се заблагодарам на италијанската влада и на претседателот кои понудија продолжување на лекувањето во болницата во Рим“, рече Дин и додаде дека неговата ќерка е борец.

Родителите на бебето Инди се надеваат дека ќе можат прво да ја однесат дома, а потоа во Рим, каде болницата Бамбино е подготвена да ја прими и да продолжи со нејзиното лекување.

Владата на премиерот Џорџија Мелони и додели на Инди италијанско државјанство за да може да дојде на лекување.


Foto: GoFundMe.com


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: