Таа е цел бенд: 10 - годишно девојче со неверојатна изведба на песна од „Лед Цепелин“
Интернет - сензацијата, 10 - годишната Нанди Бушел, ја започна оваа година со првокласна обработка. Овој пат тоа е „The Immigrant Song“ од групата „Лед Цепелин“.
Еден по еден, Нанди свири на сите инструменти, па еден од коментарите на корисниците на Јутјуб е дека таа, всушност, го претставува „целиот бенд“.
„Првиот пат кога ја слушнав „The Immigrant Song“ беше во филмот „School of Rock“, кога Џек Блек вози комбе, се врти и вреска „ахх-ахх!“. Најдобриот филм досега! Оттогаш, сакам да изведувам песни од Лед Цепелин“ - напиша Нанди во описот на видеото на Јутјуб.
Таа, досега има изведувано песни од „Foo Fighters“, „Blur“, „Queen“, „Slipknot“, „Coldplay“ и многу други.