Таа е Филипинка: Ќерка ѝ, Лејла, ја учи босански јазик (ПРЕСЛАТКО ВИДЕО)
Татко Босанец и мајка Филипинка.
Ингрид и нејзиниот сопруг, Босанец, имале врска на далечина повеќе од 2 години. Но таа вели дека вистинската љубов не познава граници. Тие имаат и мешан брак, тој муслиман, таа католик, но ни тоа ни ги спречило да стапат во брак. Се венчале во Дубаи и таа се преселила во Босна.
Сега заедно имаат две деца.
Нејзината поголема ќерка, Лејла зборува одлично босански бидејќи е родена таму и од мала го зборува јазикот, покрај тоа знае одлично и англиски.
Ингрид се уште има потешкотии со босанскиот, но зима курсеви за босански и добро ѝ оди, покрај тоа Лејла ѝ помага многу во процесот на учење.
Бидејќи тие снимаат видеа за јутјуб, овој пат се снимаа како Лејла ја учи мајка ѝ, Ингрид босански, а видеото е преслатко.
Погледнете: