Таа е идиот: Принцезата дефинитивно го исекла Ед Ширан со меч
Пред четири години Ед Ширан беше во центарот на вниманието поради еден инцидент, бидејќи беше исечен со меч. Првата приказна вели дека за тоа била виновна британската принцеза Беатрис, а самиот Ед воглавно се шегуваше на оваа тема. Музичарот Џејмс Блунт која тогаш беше присутен зборуваше дека сето тоа е шега и дека принцезата нема никаква врска со тоа. Меѓутоа, сега се дозна дека првобитната верзија на оваа чудесна приказна е вистинита.
Како што пренесува E! Online, менаџерот на Ед, Струард Камп гостуваше во еден подкаст и конечно откри што навистина се случило. Тој вели дека не бил присутен на местото на настанот, но исто така наведува дека Ед веднаш по инцидентот му се јавил и му објаснил. „Јас всушност скроз заборавив на тоа, ја започна приказната тој. Од тој ден никогаш повеќе не слушнавме ништо од принцезата. Кога се случи тоа, не сакавме да коментираме“ - ракажува тој, но и додава дека сфатил дека тоа ќе им се удри од глава.
„Некои луѓе почнаа да ни зборуваат дека најдобро би било да лажеме и да кажеме дека некој друг го повредил. Јас бев во фазон, „Па ете, нема да кажеме ништо на никој, но нема ни да лажам... Нема да лажам само затоа што некој друг бил идиот па мавтал со меч додека сте биле пијани.“
Значи, вистината гласи вака: Ед Ширан и Џејмс Блунт биле на гости кај Беатрис. Џејмс во еден момент на шега побарал од принцезата да го прогласи за витез, па таа го земала големиот меч во раце. Во тој момент некако наишол пијаниот Ед кога таа го исекла на образот и всушност малку фалело да му го повреди окото! Нема сомнеш дека потоа кралската палата инсистирала на тоа сите да молчат за настанот, но вистината на крајот од денот излегла на виделило.