Таа е најстилизираната млада Швеѓанка: Талентираната блогерка ви дава предлози за урбани есенски комбинации

Таа е најстилизираната млада Швеѓанка: Талентираната блогерка ви дава предлози за урбани есенски комбинации

Објавена во: Мода // Moj стил

Актрактивната Марлиел Линдал ги освојува срцата на љубителите на модата, а со овие комбинации дефинитивно ќе ве воодушеви...

Платинестата русокоса Марлиел Линдал стана една од водечките модни инфлуенсерски ширум Шведска, а нејзините интересни комбинации ги инспирираат девојките и жените кои го претпочитаат урбаниот стил, лежерноста, спортската елеганција со доза женственост.

Младата блогерка на својот профил на Инстаграм брои повеќе од 115.000 следбеници, а преку социјалните мрежи индивидуално дава совети и модни чекори кои им помагаат на дамите да заблескаат на најдобриот можен начин, со просечен буџет и минимализам.

За вас идвоивме неколку модни комбинации на Марлеин кои можете да ги рекреаирате на многу едноставен начин.

# Дневен ефектен стајлинг со оверсајз капут од марката „Stores“.

# Маслинест стајлинг кој ја сочинува широка јакна, панталони со широк крој и спортски патики.

# Пастелна комбинација која ја сочинува долг капут, беж кошула, широки панталони, удобни патики.

# Крем памучни тренерки од автралискиот бренд „Sabo Skirt“ и моќни црни мартинки.

Марлиел на социјалните мрежи се издвои со својата ледена, скандинавска убавина, непосредност, ефектна едноставност и конкретни прикази на модата, и често можеме да ја видиме на листити со најстилизирани жени во Европа, а наскоро подготвува и своја колекција.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: