Таа е најубавата жена во историјата: Поради фотка стара повеќе од 25 години, сите повторно зборуваат за убавината на Џоли

Таа е најубавата жена во историјата: Поради фотка стара повеќе од 25 години, сите повторно зборуваат за убавината на Џоли

Фотографијата за кратко време стана вирална...

Анџелина Џоли дефинитивно беше и остана една од најубавите актерки на сите времиња.

Симбол е за женска убавина со години, а иако се појавија бројни нови имиња на сцената, нејзините фотографии и понатаму се едни од оние кои дамите најчесто ги носат кај пластичните хирурзи со надеж дека ќе личат уште повеќе на неа.

Сепак, иако Анџелина со децении е главна тема поради убавината, не ја заобиколија ниту скандалите, па така последните месеци постојано се пишува за нејзиниот турбулентен однос со поранешниот сопруг Бред Пит, како и во нејзиниот љубовен живот, но и за трансродната ќерка Шајло која неодамна го воодушеви целиот свет кога се појави во фустан, отфрлувајќи ги приказните за трансродноста.

Сега Анџелина уште еднаш се најде во центарот на вниманието, откако на Интернет се појави нејзина фотографија од младоста, направена пред нешто повеќе од 25 години. Интернет веднаш се воодушеви од природната убавина на актерката, а еден од коментари кој доби најмногу лајкови е многу краток и јасен: „Ова е најубавото човечко битие во историјата“


На фотографијата е актерка во едноставна бела маица и со минимална шминка, додека од накит на себе има само бисерни обетки. Косата ѝ е благо извиткана и тргнато од лицето, а на оваа глетка ретко кој остана рамнодушен.

На фотографијата има околу 21 година и веќе е големо име во светот на Холивуд.

Интересно е тоа што пред да заплови во актерските води, Анџелина имала прилично неконвенционален живот за една тинејџерка. Така, уште од 14 години живеела со момчето, и тоа со благослов од нејзината покојна мајка, сѐ додека на 16 години не одлучила дека глумата ќе биде нејзиниот пат.

На само 20 години се омажила за својот прв сопруг Џони Ли Милер, кој го запознала на снимањето на еден филм, и на фотографијата која сега стана повторно вирална, веќе наголемо пловела во брачните води.


Можеби ќе ве интересира: