Таа е најважната жена во неговиот живот, а ретко го гледаме со неа: Зошто Даниел Крег ја крие ќерка му?
Даниел Крег за првпат се појави во јавноста со една од најважните жени во својот живот која ретко ја гледаме.
Станува збор за неговата ќерка Ела Лудон која ја има од бракот со поранешната сопруга Фиона Лудон. Крег ја донесе и заедно со неа прошета на црвениот килим по повод забавата по премиерата на новиот Џејмс Бонд филм.
Ела е најстарата ќерка на Даниел, која ја доби со својата поранешна сопруга Фиона Лудон, а за премиерата на новиот филм на нејзиниот татко таа избра елегантна комбинација која беше во склад со онаа што ја носеше тој. Белата кошула, црното сако и широки црните панталони ја нагласија нејзината линија, вклучувајќи високи потпетици кои таа одлично ги спои во целата комбинација.
Ќерката на Крег и самата е актерка во подем, но таа ретко се појавува во јавноста со својот татко, па многумина беа изненадени кога се појави на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд.
Инаку, познатиот актер со Фиона во 1992 година, но по две години брак, двојката се разведоа.
Меѓу другото, актерот Даниел Крег, 53-годишна sвезда на Џејмс Бонд, доби и ѕвезда на Холивудската патека на славните, туристичка атракција во Лос Анџелес.