Таа е новата девојка на Војаж: Раперот ја освои познатата инфлуенсерка (ФОТО)
Раперот Михајло Веруовиќ - Војаж наводно е во врска со ТикТокерката Анастасија Лукиќ, како што пренесуваат српските медиуми.
Војаж долго време беше во врска со колешката Анѓела Игњатовиќ - Бресквица, а во некое од своите последни интервјуа наведе дека би сакала неговата идна избраничка да биде духовита, убава и нормална, а како што тврди изворот за медиумите, на него сега му се исполни желбата.
„Тие двајца се познаваат веќе некое време, од крајот на минатата година. Тогаш кога изјави каква девојка би сакал да најде, веќе беше во фаза во која ја освојуваше Анастасија, а заедно се од неодамна. Ми кажа дека со неа му е убаво и дека би сакал да не се дознае за новата љубов во јавноста, бидејќи се на почеток“ - наведе изворот за „Курир“.
Да потсетиме, Војаж долго беше во врска со колешката Анѓела Игњатовиќ - Бресквица, со која објави неколку од своите први песни, меѓутоа, кога се разделија, тие двајца почнаа самостојна кариера.
Исто така, српските медиуми пишуваа дека раперот бил во кратка врска со ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина.
фото: Принтскрин / Инстаграм