Таа го заслужува најголемиот трофеј: Шегите на Селена на доделувањето на Еми наградите, најмногу ја насмеаја публиката
Пејачката Селена Гомез се појави на годишните ЕМИ награди за да им додели трофеи на извонредните актери. Но, пред да биде прогласен победникот, младата ѕвезда разиграно ги исмеваше своите повозрасни и популарни, сакани колеги.
Се започна кога Мартин Шорт се пошегува дека публиката не му аплаудира. Стив Мартин брзо ја праша Селена: „Колку време ни останува“, на што таа одговори: „Со добра исхрана и вежбање, можеби 10, 12 години“.
Но чекајте, има уште! Стив продолжи да се обраќа на толпата: „Сега е време да дојдеме до причината зошто сме тука“, тогаш Селена веднаш скокна со шега која заслужува огромен трофеј. „Знаете зошто сакам да работам со овие момци?“, праша таа. „Никогаш не не' бркаат папараци“!
По што, публиката им упати огромен аплауз, а самата Зендаја слатко се насмевна во толпата. Настрана шегата, Селена напорно работеше на „Only Murders In The Building“, која е номинирана за најдобра хумористична серија.