Таа му беше прва љубов на Дамиано: Му го скрши срцето на ден пред неговиот прв јавен настап, а потоа исчезна од социјалните мрежи
Иако денес е во среќна врска со инфлуенсерката и алтернативниот модел Џорџа Сорели, многумина не знаат дека неговата прва љубов била една Лукреција...
Има ли уште нешто што не знаеме за згодниот Дамиано Давид, кој скоро преку ноќ стана светска сензација?
Знаеме како изгледа мајка му, брат му, девојката, па и девојката на неговиот брат... Знаеме како изгледал како бебе, но и како тинејџер... што сака, а што не... ставовите, мислењата... што пишувал на училиште, па дури и како му се викаат мачките...
Меѓутоа, она што од смаиот почеток привлекуваше најголемо вниамние, а што е обвиено со велот на тајните е неговиот однос со вереницата Џорџа Сорели.
Досега папараците ги имаат уловено само еднаш во јавноста, а двојката се труди својата љубов да ја држи подалеку од светлата на рефлекторите и на социјалните мрежи може да се најде само една нивна фотографија и тоа од времето кога неговата сакана била русокоса.
Дамиано многу пати досега истакна дека не е класичен рокер кога е во прашање љубовта, па така не живее по системот - секс, дрога, рок'н'рол“, туку верува во длабоките односи, верноста и дека ги почитува жените.
И после сѐ некој ќе праша, зошто жените толку го сакаат. Па тој е убав, згоден, паметен и верен!
Меѓутоа, иако се знае дека неговото срце припаѓа на убавата Џорџа Сорели, всушност пред неа Дамиано лудо скаал друга девојка.
Толку лудо што, откако му го скршила срцето на еден ден пред неговиот прв јавен настап со Манескин, во италијанското натпреварување „Јас имам талент“, повеќе не бил ист.
И додека некој друг би кренал раце од љубовта, Дамиано тогаш решил дека никогаш повеќе нема да ја пушти таа што ќе ја засака. Имено, Дамиано пред Џорџа ја сакал убавата Лукреција Петрак, а врската била онаква каква што е и првата љубов - огнена, страствена, луда и незаборавна.
Лукресија го поддржувала Дамиано, но од друга страна била обична девојка која не го сакала светлото на рефлекторите и не сакала да го следи на патувањата и турнеите.
Истовремено, како што може да се прочита во некои италијански медиуми, ЛУкреција долго се борела со депресијата и пред крајот на врската било прилично уморна од сѐ.
Дамиано секогаш бил следен од многу девојки, а Лукресија тоа не можела да го поднесе, како ни неговиот близок однос со басистката Викторија Де Ангелис. Како што некои пријатели на Дамиано откриваат, Лукреција раскинала со него на денот кога го имале првиот јавен настап, токму на италијанскиот „талент“ и потоа никогаш не му се јавила, бидејќи сметала дека го задржува во кариерата и дека не сака да го „повлече на дното“, а многумина велат дека токму на неа ѝ ги посветил едни од најубавите стихови.
Убавата црнокоса девојка истиот ден ги избришала сите социјални мрежи, како и заеднички фотографии.
Сепак, некои од нив сѐ уште може да се најдат на Интернет, а во продолжение може да ги погледнете: