Таа знае, тој може: Мадона го претстави своето ново момче, убав, згоден , 23 години (ФОТО)

Таа знае, тој може: Мадона го претстави своето ново момче, убав, згоден , 23 години (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Поп иконата Мадона ужива во нова врска со 41 година помлад дечко. Ендрју Дарнел има 23 години и работи како модел.

Тие неодамна позираа за насловната страница на магазинот „Пејпер“ во предизвикувачко издание. Во интервју за споменатиот магазин, Мадона зборуваше за нејзината потреба да ја провоцира публиката со својата уметност и како мрази да се повторува и секогаш бара нешто оригинално.

„Потсетете се на моите песни „Like A Virgin“, „Material Girl“, „Express Yourself“... Ги пеев за да ги поттикнам жените. Претходно, музиката беше фокусирана на мажите. Сакав да им кажам на жените дека не треба да живеат во светот на мажите и дека можат без страв да го кажат она што го мислат“, рече таа.


Пејачката и нејзиното ново момче со пријателите викендов присуствуваа на концертот на нигерискиот рапер Рема во концертната сала Ирвинг Плаза во Њујорк.

"Тие се обидуваат да ја задржат својата приватност. Мадона конечно ја најде својата среќа", рекол неименуван извор за Page Six.

Ендру соработува со светски познатата модна агенција IMG, која меѓу другите ги прослави Кејт Мос и Бела Хадид. Тој глумеше во тинејџерската серија на HBO „Бети“.

Инаку, Мадона на почетокот на оваа година раскина со 28-годишниот кореограф Аламалик Вилијамс.

фото: profimedia


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: